Г У Г Л А Ј О Д Т У К А
Google

Thursday, September 13, 2007

Кој сака да прекине да се емитува Нова?

И? Гледавте вчера фудбал? 1:1. ОК, ама муабетот не ми е за фудбалот, туку за коментаторите.
Имено, имаше изјави од типот “публиката изгледа шокантно“ и “веќе 30 минути без гол, што е долг период за стандардите што ги наметна натпреваров“. Прво публиката беше шокирана, а не шокантна, второ тоа не беше ракометен натпревар па 30 мин. да се долг период без гол, а натпреварот беше стандарден во секој поглед па тешко дека постави некој свој сопствен стандард. Сега некој ќе рече дека се фаќам за сламка, ама од вакви сламки може да се направи еден стог сено и токму овие луѓе и колегите од Канал 5 инсистираат да се исфрлат од програмските шеми на кабловските оператори телевизии како Нова, ХРТ2, ХРТ1. Нема да навлегувам во тоа дека овие телевизиски програми се пренесуваат нелегално, бидејќи тоа е вистина или барем така тврдат македонските медиуми, меѓутоа тоа им е само изговор за да си ја намалат конкуренцијата. Многу убаво се сеќавам кога А1 емитуваше две епизоди од “Очајни Домаќинкиедна по друга за да биде првата телевизија на Балканот што ќе ги емитува најновите епизоди.
Едно е да се штитат македонските телевизии , а друго да им се дозволи монопол врз одредена содржина. Она што треба да се штити е македонската публика, за да небиде години поназад од публиката од соседството и светот. А од примерот со “Очајни Домаќинки“ јасно е дека за тоа е потребна конкуренција.
Така македонската публика ќе следи квалитетна програма со македоснки коментар и македонски превод.

П.С. Утре слика од Маја Сашек.

No comments: